Реконструкција на француската Влада


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изврши реконструкција на Владата, именувајќи го шефот на неговата партија „Република во движење“ Кристоф Кастане за министер за внатрешни работи.

Министрите за финансии и надворешни работи Бруно Ле Мер и Жан-Ив ле Дриан останаа на своите позиции.

Елисејската палата денеска соопшти дека Кастане, кој досега беше државен секретар задолжен за односи со Парламентот, е нов министер за внатрешни работи.

За министер за земјоделство е поставен Дидие Гиом, а Министерството за територии ќе го предводи Жаклин Гуро, додека Франк Ристар е именуван за министер за култура.