Река и официјално кандидат за претседателските избори, собра преку 11.000 потписи


Независниот кандидат, проф. Д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија.
Од изборниот штаб на Река нагласуваат дека за помалку од 15 часа неговата кандидатура ја поддржале илјадници граѓани со преку 11.000 потписи.
„Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст“, соопштуваат од седиштето на кандидатот за претседател, Блерим Рерка.