Реал Мадрид е првиот финалист во ЛШ


Реал Мадрид си обезбеди трето финале во низа во Лигата на шампионите откако вечерва во возбудлив меч на „Сантијаго Бернабеу“ одигра 2-2 во реваншот со Баерн Минхен и благодарение на победата во Минхен од 1-2 е прв патнк во големото финале во Киев.

Прв во водство дојде Баерн со голот на Кимих во третата минута, но Реал со погодокот на Бензема осум минути подоцна израмни на 1-1 и со тој резултат се замина на паузата.

На самиот почеток на вторите 45 минути, голманот на Баерн, Улрих направи голема грешка и практично му ја остави топката на Бензема, кој реализираше за 2-1.

Баерн се врати во игра во 63. минута кога Хамес Родригез постигна гол против Реал и го израмни резултатот на 2-2.

На крајот Реал Мадрид се радуваше на ново финале од Лигата на шампионите. Реал Мадрид својот противник во големото финале ќе го дознае утре вечер кога Рома и Ливерпул го играат реванш мечот, откако англискиот тим во првата пресметка славеше со убедливи 5-2.