Реал Мадрид без ниту едно од 40 предложени засилувања во зимскиот трансфер рок


На европскиот шампион Реал Мадрид му биле предложени 40 фудбалери во последните денови од јануарскиот трансфер период кој вчера беше затворен.

Според „Марка“ меѓу понудените биле и Мохамед Салах, Едисон Кавани и Леонардо Бонучи.

На оваа листа се наоѓал и напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој е приоритет на актуелниот шпански шампион.

Реал, сепак, не потпиша со ниту еден фудбалер, а меѓу водечките клубови, „кралевите“ се единствени кои не донесоа засилување оваа зима.