Реал и Манчестер Јунајтед во битка за дефанзивец на Порто


Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Порто Едер Милитао, објавија медиумите во Шпанија и Португалија.

Дваесет годишниот бразилски интернационалец игра многу силно со тимот на „змејовите“ и за него заинтересирани се голем број европски гиганти. Меѓу кандидатите за неговиот потпис е и Манчестер Јунајтед.

Бразилецот е проценет на 50 милиони евра.

Милитао може да игра како централен дефанзивец и десен бек. Тој се смета за еден од најперспективните млади фудбалери во светот.