Рахој во посета на Каталонија


Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска планира да ја посети Каталонија за прв пат од воведувањето на директната власт на Мадрид над регионот.

Рахој ги свика регионалните избори за 21 декември и ќе присуствува на предизборен митинг во кој се надева дека ќе ги убеди гласачите Каталонија да остане во рамките на Шпанија.

Уставниот суд на Шпанија пресуди дека референдумот одржан на 1 октомври е нелегален.

Пратениците од каталонскиот регионален парламент со големо мнозинство изгласаа независност на Каталонија на а 27 октомври, откако опцијата за отцепување од Шпанија победи на забранетиот референдум одржан на 1 октомври.