Раул: Сите бевме супер


Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес беше среќен по победата над Црна Гора и обезбедениот пласман во втората фаза од Европското првенство.

– Многу сум задоволен што на двата натпревара остваривме две победи и имаме максимални четири бода. Почнавме добро, па малку застанавме. Во второто полувреме бевме подобри. Сите бевме супер, а посебно Кузмановски кој одигра одличен натпревар. Имавме трпение и тоа е тоа, е кусиот коментар на Шпанецот по триумфот над Црна Гора.

Македонија в среда во третото, последно коло од Ц-групата се среќава со Германија во директен дуел за првото место.