Раул почнува тренерска кариера во Реал Мадрид


Легендарниот шпански фудбалер Раул следниот месец ќе започне тренерска кариера.

Според „Марка“, Раул, кој се пензионира како фудбалер во 2015 година, ќе добие сертификат за тренер и ќе добие доверба за водење на младинскиот тим на Реал Мадрид.

Раул мина 16 години во дресот на Реал Мадрид, играјќи од 1994 до 2010 година.