Раст од 1,3% на индустриското производство во октомври


Индустриското производство во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година бележи раст од 1,3% објави Државниот завод за статистика. Според статистичарите гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 10,6%, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6,5%.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија според податоците на Статистика е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство кај производството на тутунски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај енергија за 4,0% и капитални производи за 15,4%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, трајни производи за широка потрошувачка за 9,4% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос истиот период лани е пораснато за само 0,1%