Расел Кроу не личи на себе


Иако Расел Кроу (54), по кого жените пред 18 години тотално полудеа поради филмот „Гладијатор“, последниве години нафрли некој килограм, за новата улога потполно се трансформираше. Во новата серија што се темели на книгата: „Најбучниот глас во собата“, го игра ликот на основачот на „Фокс њуз“, Роџер Ејлис, па се труди што поавтентично да го долови. За потребите на серијата е проќелав и носи посебно кроен костум што го дебелее. Оскаровецот е среќен со новиот имиџ, па на сминањето тера шеги на своја сметка и ги забавува колегите. Со него глумат Наоми Вотс, Сиена Милер и Симон Мекбарни.

Серијата од осум епизоди ќе ја следи последната декада од животот на Ејлис, кога, меѓудругото, 20 жени го обвинија за сексуално вознемирување што го уништи. Медиумскиот могул умре во мај 2017 година во својот дом во Флорида по пад во бањата. Тогаш имаме 77 години.