Рама ја поздрави идејата на Тачи, 2019 да биде прогласена за година на НАТО
Премиерот на Албанија, Еди Рама на Твитер ја поздрави идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој изјави дека е време 2019 да биде прогласена за година на НАТО.
Предлогот уследи по 20-годишнината од интервенциите на силите на Северноатлантската алијанса за ослободување на Косово од српскиот режим на Слободан Милошевиќ.
– Ја поздравувам идејата на Хашим Тачи за прогласување на оваа година, како година на НАТО, 20 години по историското навлегување на Алијансата во Косово. Оваа годна се совпаѓа и со 10-годишнината од зачленувањето на Албанија во НАТО. Да направиме ден на границата „шенген“ на Морина како момент на кулминација во годината на НАТО, напиша Рама.
Инаку, премиерот Рама во својата новогодишна порака рече дека отварањето на границите со Косово е само почеток и дека е во план иста постапка кога е во прашање Црна Гора, Македонија и Грција.
– Верувам дека на пролет границата меѓу Аланија и Косово ќе биде по критериумите на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме по истиот принцип и модифицирање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција. Таквата пракса ќе ја продолжиме се до зачленувањето во ЕУ, истакна Рама.
На 29 декември на преминот Морина,на албанско-косовската граница кај Кукс министрите за внатрешни рабооти на Косово и Албанија, Екрем Мустафа и Сандер Леши потпишаа спогодба за воспоставување единствен граничен премин. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, тогаш на Фејсбук напиша дека „од денеска меѓу Република Косово и Република Албанија не постои меѓудржавна гранца“.