Рама им забрани на министрите и пратениците да учествуваат во ТВ дебати со „бегалците“ од Парламентот


Албанскиот премиер Еди Рама им забрани на министрите и пратениците од неговата Социјалистичка партија да учествуваат во телевизиски дебатни емисии со поранешните опозицски пратеници, кои се откажаа од мандатите.

– Не одете на ТВ дебати со оние кои се откажаа од пратеничките мандати. Не треба да одите на дебата со бегалците од Собранието, им порача Рама на пратениците и министрите.

Според него, овие поранешни пратеници повеќе не се „другата страна во Парламентот“.

– Тие повеќе не се другата страна во Парламенот и заслужуваат непочитување од страна на нивните гласачи и наше одбивање да расправаме со нив надвор од парламентот, посочил премиерот Рама.

Претходно, стратегијата за своето понатамошно дејствување ја соопшти и опозицијата, која најави масовни протести секој четврток пред Парламентот, ден кога законодавниот дом одржува седници.

По средбата со претседателите на општинските организации на неговата опозициска Демократска партија, лидерот на демократите Љуљизм Баша изјави дека протестите ќе продолжат се до соборување на Владата, категорично додавајќи дека „нема да има избори со наркомафијата и балканскиот Мадуро“, како што го нарече Рама.