Рама ги собра парите потребни за казните на Џака и Шаќири


Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави дека се собрани потребните средства за да се плати казната, одредена од ФИФА, за фудбалерите на швајцарската репрезентација, Џердан Шаќири и Гранит Џака.

Рама напиша дека ветувањето е исполнето.

– Исполнето е. Ви благодарам на сите, наведе Рама.

Сепак Рама не наведува колкава сума на пари се собрани од донации.

Веднаш откако ФИФА ја објави паричната казна од по 10.000 франци за репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шаќири, по потекло се од Косово, кои по постигнатите голови против Србија славеа со создавање на двоглавиот орел со рацете, албанскиот премиер Рама отвори специјални жиро-сметки на кои секој можеше да уплаќа донации со кои би се платила казната.

Поради тоа тогаш Рама покрена акција за собирање на донациите за Џака и Шаќири под слоганот „Не плашете се од орелот“, а средства можеа да се уплаќаат во албански леки и евра.

Рама уште напиша „Знакот на орелот е наш знак на распознавање при веселби“.