Ракомет: Хрватска го освои 5. место


Селекцијата на Хрватска го освои 5. место на Европското првенство во ракомет што се одржува на нејзин терен. Пред малку, домаќините беа подобри од Чешка со 28-27. Овој пласман воопшто не ја задоволи хрватската јавност, која што се надеваше на златен медал или, пак, во најмала рака на финале.