Ракомет: Македонија лесно против Србија


Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешна контрола пред почетокот на Европското првенство во Хрватска. Нашите играчи лесно излегоа на крај со домашната Србија, совладувајќи ја со 32-29 на нејзин терен во Белград.

Лазаров и колегите особено добро играа во второто полувреме кога ја создадоа предноста и не ја доведоа победата во прашање. Брилјираше крилото Гоце Георгиевски, кој постигна 11 голови од исто толку обиди.

Вчера, Македонија ја декласираше Саудиска Арабија со 37-21.

Првиот настап на ЕП, Македонија го има следната сабота кога во Загреб играме против Словенија. Првенството почнува во петок во Сплит кога домашниот тим, кој заедно со Франција важи за најголем фаворит, игра против Србија.