Ракомет (ж): Стартува СП во Германија, Норвешка ја брани титулата


Од денеска, па до 17 декември во шест германски градови ќе се играат натпреварите на 23-то Светското првенство за ракометарки.

Дваесет и четирите репрезентации се поделени во четири групи. Пласман во следната осминафинална рунда ќе обезбедат првите четири селекции од секога група, додека петто и шесто рангираните ќе играат за пласман од 17 до 24 место.

На отворањето во Лајпциг, каде ќе се играат дуелите од Д групата, вечерва ќе се сретнат домаќинот Германија и Камерун. Покрај овие две селекции во оваа група ќе играат и Холандија, Србија, Кореа и Кина.

Во групата А се селекциите на Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола и Парагвај.

Конкуренцијата во Б групата е Норвешка, Шведска, Чешка, Унгарија, Аргентина и Поска.

Селекциите на: Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија и Тунис ќе се натпреваруваат во Ц групата.

Титулата европски шампион ја брани селекцијата на Норвешка.