Ракометарките на чекор до СП во Јапонија, го совладаа и Исланд


Женската македонска ракометна репрезентација ја совлада репрезентацијата на Исланд со 29:21 и отиде чекор понатаму кон пласман во баражот за пласман на Светското првенство во Јапонија идната година.

Нашите ракометарки, предводени од селекторот Симе Симовски, денеска го надмудрија најголемиот ривал во групата, репрезентацијата на Исланд. Натпреварот беше израмнет само во воведните минути, а потоа Македонија влезе во серија што понатаму одреди како ќе се одвиваат настаните. Македонија поведе со 10-5 и го принуди противникот да брка негатива. Во вториот дел, Македонија го одби првиот бран на напади, ја задржа разликата со мали тубуленции, а на десет минути до крајот имаше и плус 11 (26-15).

За пласман во баражот, Македонија утре може да си дозволи најмалку минимален пораз од Турција, која вчера загуби со 13 гола разлика од Исланд.

По две рунди во квалификациска група во Скопје, Македонија е лидер со четири бода, Исланд има два, Турција и Азербејџан се без бодови и натпревар помалку.