Радикализиран француски затвореник прободе двајца чувари


Радикализиран француски затвореник предизвика вистински хаос во затвор во градот Аленкон во Франција, откако со керамичка острица нападна и повреди двајца чувари, извика: „Алаху акбар“ и се забарикадира во затворската келија.
Француски специјалци и интервентна полиција повикани се во затворот во Аленкон западно од Париз, откако радикализиран исламист кој таму служи казна, предизвика хаос.
Тој прободел двајца чувари со керамичка острица, а потоа се затворил во келијата заедно со својот цимер.