Работилници за креирање транспарентни процедури за финансирање


Во четврток во 13 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи првата од трите работилници за креирање транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации.
Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој – Алка Скопје.
Kако резултат од нив, ќе произлезе методологија за транспарентна распределба на средства за здруженија на граѓани што ќе овозможи компетитивност на идеите и спроведување на проектни активности кои се важни за целата заедница.
Општинарите информираат дека работилниците се отворени за сите заинтересирани граѓани.