Работилници за еднаков пристап на финансирање на НВО


Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Конкретно, се креираат структурирани и транспарентни процедури, кои ќе овозможат еднаков пристап до финансирање на граѓанските организации од Буџетoт на Општина Аеродром.

Целта на овој проект е да се утврди методологија со едноставен процес на аплицирање и јасно дефинирани критериуми за оценување и доделување средства. Истовремено, на работилниците се дискутира за градење капацитети на самите граѓански организации, со што се развива компетитивност на идеите и спроведување на активности кои се важни за целата заедница.

Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој – Алка Скопје. Учесници се претставници од Советот на Општина Аеродром, општинската администрација и граѓанските здруженија.

Следната работилница ќе се одржи во четврток.

Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани невладини организации да бидат дел од неа.