Путин пристигна на средба со Ердоган


Рускиот претседател Владимир Путин попладнево пристигна во Анкара, каде ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган. Според најавите од Москва, турскиот и рускиот претседател ќе разговараат за главните меѓународни проблеми, меѓу кои и ситуацијата во Сирија и Израел. Предвидено е Путин и Ердоган да ја разгледаат и економската соработка меѓу Русија и Турција, како и процесот на реализација на големите заеднички проекти во сферата на енергетиката, соопшти прес-службата на Кремљ. Путин претходно денеска ги посети Сирија и Египет.