Путин бара објаснување за излегувањето на САД од договорот за нуклеарни проектили од среден дострел


Рускиот претседател Владимир Путин ќе побара од американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон објаснување за најавата на Вашингтон за повлекување од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Тоа го соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Путин ќе оствари средба со Болтон, кој денеска ќе допатува во Москва.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел, затоа што, како што рече, Москва ја прекршува спогодбата.