Пукање на Рузвелтова во Скопје, има жртва и повредени


Еден час по полноќ вечерва на улицата „Рузвелтова“ во Скопје се случи инцидент во кој има и жртва.

Според очевидци, се случила престрелка со автоматско оружје од автомобили во движење.

Неофицијално, едно лице е убиено, а има и повредени.

Улицата е блокирана за сообраќај, полицијата е на терен, а детални информации се очекуваат изутрина.