ПСЖ започна преговори со Конте


Раководството на ПСЖ започна преговори со менаџерот на Челзи, Антонио Конте, тврди „Гардијан“.

„Принцовите“ почнале да преговараат со Италијанецот, со цел да го убедат оти нивниот проект е следниот вистински чекор во неговата кариера.

Договорот на Конте со „сините“ од Лондон завршува кон крајот на следната сезона, но тој најверојатно ќе биде отпуштен поради актуелните лоши резултати. Покрај тоа, Антонио јавно ги критикуваше шефовите на Челзи и, според весникот, неговите денови во клубот се одброени.

Во Париз пак се незадоволни од тренерот Унаи Емери, чиј договор е до крајот на сезоната и нема да биде обновен.

Конте се очекува да добива 11,4 милиони евра по сезона во ПСЖ, ако потпише договор со клубот. Во Челзи, тој годишно добива 500.000 евра помалку.