Професорките Лажетиќ и Арифи ќе го советуваат Заев за судските реформи


Професорките по кривично право, Гордана Лажетиќ и Беса Арифи ќе го советуваат премиерот Зоран Заев во новото тело –Советот кој треба да ја следи имплементацијата на реформите во правосудството. Двете професорки,како што дознава порталот правосудство.мк од сигурни,но неофицијални извори ,ќе бидат единствените теоретичари од научната фела, додека сите останати ќе бидат практичари и носители на највисоките функции од правната фела.

Засега е неизвесно дали Владата ќе остане на намерата ова тело да го координира експерт,бидејќи имало обид за таква понуда, која била одбиена.