Протести во Будимпешта против предлогот за 400 часа прекувремена работа


Илјадници Унгарци денеска протестираа во Будимпешта против новиот предлог закон за труд кој на работодавачите им овозможува од вработените да бараат до 400 часа прекувремена работа годишно.

Членовите на синдикатите и нивните приврзаници носеа транспаренти на кои пишуваше „Протестираме против ропскиот закон“.

Предлог законот за труд оваа недела беше поднесен во Парламентот и наиде на остри критики, предизвикувајќи го најмасовниот протест за повеќе од една година.