Просинечки нов селектор на БиХ: Откриени деталите за платата


Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, официјално ќе биде претставен денеска во Сараево кога ќе потпише договор со Фудбалскиот сојуз. Според договорот, Просинечки месечно како селектор ќе заработува по 15.000 евра.

Меѓутоа, тој може да заработи и многу повеќе бидејќи ќе биде награден со бонус од 400.000 евра доколку БиХ се пласира на Европското првенство во 2020 година.

На седница на ИО на Фудбалскиот сојуз на БиХ, Просинечки доби едногласна поддршка од членовите.

Ќе ја предводи репрезентацијата во Лига на нации и во квалификациите за ЕП 2020 година.

Во тренерската кариера ја водел Црвена звезда, Кајсериспор како и репрезентацијата на Азербејџан. Како играч беше дел од Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Севиља.