Просинечки во болница поради исцрпеност


Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, заврши во болница во Сараево, бидејќи страдаше од исцрпеност, пишува дневниот весник „Дневни аваз“. Хрватскиот тренер  прво добил инфузија, а потоа продолжил со понатамошни испитувања во болницата.

Просинечки вчера се чувствувал лошо и затоа не присуствуваше на отворањето на новото административно седиште на Фудбалската асоцијација на БиХ. Тој направи одличен резултат со босанската репрезентација со пласманот во А-лигата од Лигата на нации откако ја заврши групата на првото место пред Австрија и Северна Ирска.