Пропусти во спасувачката акција: Александар бил жив, Калина не покажувала знаци на живот


За случајот на македнските планинари кои ги изгубија животите на Кајмакчалан се уште постојат неодговорени прашања.

Како што пренесува „Нова Македонија“  лошо организираната спасувачка акција довела до фатални последици, односно во 22 часот на 10 февруари Специјалната единица за справување со катастрофи од Солун ги пронашле Калина и Александар, кој се уште покажувал знаци на живот.

Ова го пишува во барањето за обдукција на телата на Калина и Александар од 11 февруари, испратено од полицијата во Воден до Судската медицина во Солун. Во документот се наведуваат детали од потрагата и што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата, но тој открива и нови информации, кои досега не беа пласирани во јавноста и кои недостигаат во извештајот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија.
Во полицискиот документ се наведува дека Калина и Александар се пронајдени од грчките спасувачи (СЕСК) во 22 часот, „при што е направен обид за нивно извлекување“. Според документот, специјалците прво се обиделе да го спасат  Александар, кој „бил сѐ уште свесен“, употребувајќи ремен за да го извлечат. Во извештајот во кој се наведува изјавата на спасувачот, во текот на извлекувањето поради непозната причина ременот се откачил и Александар „паднал на стрмната падина на уште поголема длабочина“. Грчките спасувачи од Солун изјавиле за полицијата дека Калина „не покажувала знаци на живот, ниту на чувствителност“ и, според нивниот исказ наведен во документот, Калина „веројатно беше веќе почината“. Во документот не се наведуваат детали дека е направен обид за нејзино извлекување.

 

Потрагата била прекината и продолжена наредниот ден кога биле пронајдени телата на двајцата планинари, на растојание од 40 метри. Нејасно е зошто спасувачката акција била прекината вечерта додека Александар бил сеуште свесен и како спасувачите утврдиле декса Калина била почината кога во документот не стои потврда дека воспоставиле физички контакт.

Остануваат низа неодговорени прашања кои треба да се расчистат во наредниот период.