Пронајдени и спасени француските државјани кои заталкаа на Шапка


Француските државјани, за кои вчера во СВР Тетово беше пријавено дека заталкале и се изгубиле на падините на Попова Шапка, вчера околу 17.50 биле пронајдени живи, но премрзнати, потврди денеска МВР.

Тие со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

Француските државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, вчера заталкале на Попова Шапка, при што јавиле дека единствено што знаеле е дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскo-спасителната служба веднаш започнале со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме, по што биле пронајдени.