Пронајдена мртва жена во Тиквешко Езеро


Мртва жена била пронајдена во Тиквешко Езеро, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според првичните информации, телото било пронајдено во месноста Голеш.

Додевски рече дека увидот на местото трае и најави повеќе детали утре.