Промоција на збирката раскази „Понор“ од Златко Ѓелески


Во Џебното кино на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Понор“ од Златко Ѓелески, во издание на „Бегемот“.

–Во срцевината на книгата се наоѓаат непријателите кои ги имаат доведено ликовите до работ на нивната пропаст, односно вечните зла против кои пишува авторот: зависта, алчноста, ароганцијата, лицемерието и користољубието…. Во дел од расказите се тестираат границите на книжевните форми, постмодернистички се експериментира со структурата, приложувајќи еден негатив на градот во кој се ситуирани двесетина очудувачки случувања, соопшти издавачот за третата збирка раскази на Ѓелески.

Златко Ѓелески дипломирал општа и компаративна книжевност и е филмски критичар во списанијата „Филм+“ и „Кинопис“, водител на емисијата „Дансе Макабре“ на радио „Канал 103“ и водител на филмскиот поткаст „Видеологија“.

Во 2013 година тој ја објави својата прва збирка раскази „Морбидизам“, а во 2015-та втората книга – „Колекционерот на смрт“.