Промоција на две стихозбирки во Центарот за култура во Кичево


Промоцијата на стихозбирките „U naručju snova“ од Дамир Марас од Хрватска и „Созрцание“ од Виолета Сековска ќе се одржи на 4 декември, понеделник во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево во 18 ласот.

Авторот Дамир Марас е по потекло од Хрватска, тој поезија пишува од неговите млади години, а негови објавени стихозбирки во раните 90ти години се „Bogozov“(1992.), „Utjeha poslije molitve“(1997.) „Moć Ljubavi“ (2000.). Добитник на Хрватското книжевно друштво од Риека за најдобра објавена збирка поезија „Kad zaboli ljubav“ 2011/2012.
Шеста збирка на песни со наслов „Ako te pjesnik ljubio nije“, објавена 2015.година.
Најнова седма збирка „U naručju snova“ објавена оваа 2017.

Виолета Сековска од Скопје е дипломиран библиотекар. Активно се занимава со поезија од 2011 година со објавување на нејзината прва стихозбирка „Македонија“. A подоцна следат уште пет нејзини стихозбирки.Таа е организатор на проект „Со љубов за Македонија“ и проект „Од децата за децата“ (со посебни потреби). За 2015 година е прогласена за „Поетеса на годината“. Нејзина реченица за претставување пред публика гласи: „За поетесата зборува нејзината поезија и нејзините дела“.

Во текот на промоцијата и читањето од други писатели од Македонија со музички перформанс на гитара ќе настапи Данило Арсоски.