Променливо облачно, попладне услови за локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 4.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од три степени во Маврово до 14 во Гевгелија, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде седум степени, а дневната 22 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, нашето подрачје се наоѓа на периферија од циклонска активност над Медитеранот, која во наредните два дена ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови. Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Во понеделник утринската ќе биде во интервалот од пет до 12, а дневната од 17 до 24 степени, во вторник од три до 10, односно од 19 до 26 степени. Во среда утринската од четири до 11, а дневната од 18 до 26 степени, во четврток од пет до 12, односно од 19 до 27 степени и во петок утринската во интервалот помеѓу четири и 12 и максималната дневна од 17 до 25 степени.