Пријавете дупка на коловозите во Карпош


Општина Карпош ги повикува своите жители да пријават дупка на коловозите на подрачјето на општината.

Пријавите можат да се доставуваат на e-mail адресата: [email protected] , како и на социјалните мрежи на Општина Карпош, и тоа на: Facebook: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/Twitter: @OpstinaKarpos, Instagram: @opstinakarpos.

„Поради поголема успешност на оваа акција, ги повикуваме и граѓаните уредно (со наведување на точната локација и број на улицата), да пријават ударни дупки на територија на Карпош“, велат од Општината.

Практично, со ова ќе започне акцијата за санација на оштетените улици во Карпош. Во изминатиот период, комуналните служби на локалната самоуправа, евидентирале повеќе точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктирата кои веднаш ќе бидат асфалтирани. Оваа иницијатива, велат од Карпош, Општината ја презема  со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

„Во претстојниот период, ќе се реконструираат и повеќе улици на територија на Општина Карпош кои моментално се во руинирана состојба“, информираат општинарите.