Принц Алберт и Шарлин: Божикно делење на подароци за деца


Монако- Традиционално, принц Алберт и принцезата Шарлин вчера делеа подароци за деца, а за таа пригода, 59-годишниот принц облече весела празнична комбинација.

Додека сопругата искомбинира беж пантолони и црвена пелерина, Алберт избра кравата со ликови од цртаните на Дизни, а на главата стави дедомразовска капа со црвени лампички.