Принцот Хари и Меган Маркл одлучија: Кралската торта ќе биде со вкус на лимон


Англија– Принцот Хари и неговата избраничка, американската актерка Меган Маркл ја избраа тортата за кралската свадба закажана за 19 мај во палатата Виндзор. Двојката се одлучи за торта од лимон, која се изработува од бисквит, киселкаст крем од путер и лимон. Најчесто се украсува со цветови кои се јадат и е одличен избор за пролетна свадба.

Тортата ќе ја подготви слаткарницата „Вајолет бејкери“ од Лондон на Клер Птак од Калифорнија која приготвува органски рецепти.

Сѐ уште не е познато кој ќе ја дизајнира венчаницата на Маркл. Познато е дека на свадбата ќе присуствуваат и граѓани, дека двојката ќе се вози во отворена кочија и дека една од забавите за гостите ќе ја приреди таткото на Хари, принцот Чарлс.