Принцот Хари и Меган Маркл закажаа свадба на 19 мај


Свадбата на принцот Хари и Меган Маркл ќе се одржи на 19 мај следната година во капелата Сент Џорџ во Виндзорскиот дворец, соопшти денеска Кенсингтонската палата.

Двојката минатиот месец соопшти дека се вериле после 18 месеци врска.

Принцот Хари (33), кој е петти по ред во линијата за наследување на британскиот престол, со американската актерка (36) се запознал преку  заеднички пријател на почетокот од 2016 година.