Принцот Вилијам во Давос: Ќе дискутира за менталното здравје


Швајцарија – Лидери и угледни личности, меѓу кои и поборникот за заштита на природната средина Сер Дејвид Атенборо, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Вилијам и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн, ќе се сретнат во Давос за годишниот собир на Светскиот економски форум во 2019 година.
Тие се меѓу трите илјади учесници собрани од целиот свет и од секоја сфера на влијание: сферата на бизнисот, владите, граѓанското општество, академијата, уметноста и културата и медиумите. Од утре до 25 јануари тие ќе се сретнат во снежниот швајцарски град за да дискутираат за тоа како да се изгради подобра верзија на глобализацијата.

Принцот Вилијам ќе ги предизвика бизнис лидерите за подобрување на емоционалната и менталната благосостојба на работните места во нивните компании. Тој ќе биде дел од панел-дискусија за прашања поврзани со менталното здравје, заедно со премиерот на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн.
Кенсингтонската палата вели дека војводата од Кембриџ ќе ја искористи можноста да го нагласи своето верување дека главните работодавци во светот имаат витална улога во промовирањето на ментално здрави општества и работни места.