Приведен крадецот од Маџари


Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец изврши тешка кражба во аптека во скопската населба Ченто.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека со Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишниот Д.М. од Скопје.

Тој на 9 овој месец во 19:20 часот влегол во аптека на улицата „Маџари“ во Ченто и заканувајќи и се со пиштол на вработената одзел 18.900 денари.

Извршен е претрес во неговиот дом при што е пронајдена облеката која ја носел по што тој е приведен.