Претседателски избори во Грузија


Во Грузија утрово се отворени избирачките места на кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за едeн од 24 кандидати за претседател.

Владејачката Партија на соништата ја претставува Салома Зурабишвили (66), која беше амбасадорка во Франција и министерка за надворешни работи од 2004 до 2005 година. Во случај на победа, Зурабишвили би била прва претседателка на една поранешна советска држава надвор од Балтикот.

Нејзин противкандидат е Григол Вашаѕе (60), кој има поддршка од 11 опозициски партии предводени од Обединетото навионално движење.

Вашаѕе, исто така беше шеф на грузиската дипломатија од 2008 до 2012 година.

Владејачката партија на Грузија е убедена дека Зурабишвили би можела да освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг. Но, анкетите покажуваат дека најверојатно ќе има втор круг од претседателските избори.

Останатите 22 претседателски кандидати многу заостануваат зад Зурабишвили и Вашаѕе.

Тоа е последен пат претседател на Грузија да се избира со гласови на граѓаните. Следниот претседател на Грузија ќе биде избиран од изборен комитет составен од 300 пратеници и регионални претставници.