Претседателот на Бугарија со двајца митрополити ќе ја посети Македонија


Претседателот на Бугарија Румен Рaдев во петок доаѓа во официјална посета на Македонија, а ќе го придружуваат двајца митрополити на Бугарската православна црква, Николај и Кипријан.

За оваа посета синодот на македонската православна црква нема официјални сознанија, но посетата се толкува како начин за подобрување на односите меѓу двете цркви, особено откако Мaкедонската православна црква ја призна бугарската православна црква за своја мајка црква.