Претпладне сончево, попладне со дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло, попладне со услови за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Следува период на претежно стабилно време, со умерен северен ветер што ќе предизвика благ пад на температурата.