Престрелка во Чаир: Едно лице почина, едно е потешко повредено


Во оружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е починато, а едно е тешко повредено.

– На улицата „Лазо Трповски“ во скопски Чаир, вчера околу 22:30 имало пукање од огнено оеужје. На лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот, потврдија за МИА од МВР.

Повредениот Љ.Ќ. е пренесен со тешки повреди во болница.