Премиера на „Заробљено време“ во МКЦ


„Заробљено време“ – филм за југословенскиот рокенрол, во режија на Милан Никодијевиќ, снимен долж цела поранешна држава, во кој најголемиот регионален музички новинар – Петар Пеца Поповиќ ја испишува својата неформална биографија, со Горан Бреговиќ, ЈУ група, Смак, Индекси, Корнелија  Ковач, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровски – Џаро… во главните улоги – по успехот во Белград, Загреб, Нови Сад…, конечно и во Скопје.

Како дел од проектот: Денови на српска култура во Македонија, во организација на Културно-информативен центар Спона, ќе биде прикажан во Кино Фросина во МКЦ, денес, во 20 часот.

На премиерата, на која ќе може да присуствуваат сите вљубеници во филмот и во музиката (влезниците се симболични 100 денари), ќе се претстави и тимот кој го реализираше овој феноменален документарец, предводен од Пеца Поповиќ и Милан Никодијевиќ.