Пред 18 години светот престана да биде ист, Меси пристигна во Барселона


Пред точно 18 години Лионел Меси долета во Барселона и оттогаш започна да се создава новата ера во историјата на каталонскиот фудбалски гигант.

На 17 септември 2000 година, тогаш 13-годишниот Аргентинецот Лионел Меси пристигна во главниот град на Каталонија. Тој го запиша своето деби во првиот тим четири години подоцна. Целата негова професионална кариера до овој момент е поврзана со клубот од „Камп Ноу“.

31-годишниот Меси со Барселона има освоено девет шампионски титули во Примера, шест трофеи од националниот шпански куп, осум Супер Купа, четири шампионски трофеи во Лигата на шампионите, три победи во УЕФА Супер купот и три шампионски титули на клупските светски првенства.

Аргентинецот има и пет „Златни топки“ и четири „Златни копачки“.

Тој е најтрофеен фудбалер во историјата на Барселона со освоени 33 трофеи.