Предистражна постапка на финансиската полиција за владиката Петар


Управата за финансиска полиција соопшти дека има одредени сознанија во врска со задржувањето на владиката Петар денеска на меѓународниот аеродром „Скопје“. Но, како што се наведува, се работи за предмет које во предистражна постапка, така што не можат да се споделат информации со јавноста.

– Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата, благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција.

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар за порталот „Сакам да кажам“ потврдил дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција. Тој објаснил дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности.

– За сите детали обратете му се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија, изјавил владиката Петар.