Прво trunk show на модната сцена: Тања Кокев со венчаници по мерка


В сабота, во просториите на Кокев, во ГТЦ, од 12 до 19 часот, дизајнерката Тања Кокев ќе ја промовира новата колекција на венчаници за 2018. Новата колекција ќе биде презентирана пред клиентите преку trunk show, каде девојките ќе можат да ги видат и пробат фустаните, како и да се консултираат за креирање на венчанiца по мерка со дизајнерката и тимот.

Новата колекција венчаници го содржи препознатливиот печат на дизајнерката – женствена силуета и романтичен изглед. Новите венчаници имаат рачно везени цветови и чипка, слоеви врз слоеви француски тул, светкави детали, карнери и плисе. Фустаните имаат интересни текстури кои  дизајнерката ги има постигнато со слоевито поставување на различни типови на материјали. (Л.С.)