Прволигашки фудбал: Шкендија ја зголеми предноста пред Вардар
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа натпреварите од 18. коло по кое Шкендија придодаде уште три бода на огромната предност пред шампионот Вардар.
Тетовци славеа убедлива победа на домашен терен против Пелистер, додека Вардар „киксна“ на Чаир против Шкупи и е се подалеку од одбрана на титулата.
Убедлив триумф забележа и Работнички, Силекс ја изненади Акадмија Пандев, а единственото реми го одиграа Победа и Ренова.
Резултати во 18. коло од ПМФЛ:
Академија Пандев – Силекс 0:1,
Победа – Ренова 1:1,
Работнички – Скопје 3:0,
Шкендија – Пелистер 3:0 и
Шкупи – Вардар 2:0.
Табела: Шкендија 46 бода, Вардар 32 (два меча помалку), Силекс 31, Академија Пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.