Први фотографии на кралското бебе: Кејт Мидлтон како леди Дијана


Англија- Само осум часа по породувањето гордите родители, војводата и војвотката од Кембриџ  го запознаа светот со своето новородено синче.

Кејт, војвотката од Кембриџ, вчера се породи со машко дете, нејзино трето дете со војводата Вилијам. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.

Војвотката Кејт (36), пред бракот позната како Кејт Мидлтон, се породи во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да и го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлота. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.

Како и претходно војвотката за својот постпородилен изглед одбра комбинација од Џени Пекам. Овој пат нејзиниот изглед во црвен фустан многу потсетуваше на принцезата Дијана, која беше облечена во црно по породувањето со принцот Хари.